Ние сме компанија која постои веќе 25 години на пазарот и константно растеме заедно со бројот на наши задоволни клиенти.
Консалтинг, проектирање и изведба на опрема за базени и фонтани.
Сервис и одржување на услуги кои се поврзани со третман на вода.
Консалтинг, проектирање и изведба на опрема за:
* третман на вода за индустрии од различни области
* третман на вода за производство на медици
нски канабис
* отпадна вода од индустрии и нејзина реупотреба
* третман на вода за домаќинство
* третман на вода за медицински цели
Нашиот професионален тим Ви стои на располагање за сите Ваши прашања и потребни информации. Дознајте повеќе за нас, погледнете ги нашите референци, како и серификатите и лиценците кои ги поседува нашата компанија.
Во досегашната работа, ФлуидПроект го покрива пазарот во Македонија, но и интернационалниот пазар како Косово, Бугарија, БиХ, Србија, Албанија, Кувајт и Гана. Исто така сме дел од повеќе еколошки студии и проекти од областа на заштита на животната средина, истражувања на водните ресурси и заштита на подводни археолошки и природни реткости.
Во нашето портфолио се застапени многу различни активности како проектирање и изведување системи за третман на отпадна вода од комунални објекти, кланици и месна индустрија, индустрија за кожа, млечна индустрија, индустрија за масло, хемиска индустрија и уште многу други.
ФлуидПроект е реномирана и целосно верифицирана компанија во изработката и споведувањето на технологиите за GMP-сертификација на системите за обработка на вода за медицински и фармацевтски потреби во Македонија.
Спортските и рекреативните базени и фонтани, опремата потребна за нив, како и нивното одржување, се дел од услугите и производите на ФлуидПроект.