28/05/2026
Почитувани,
Поради вашата загриженост и интерес во врска со последната објава на "сервисот за теписи" во кој што предходно имаме работено, јавно произнесува лажни информации "Злоупотреба на нашиот бренд", со цел да се омаловажи и оцрни угледот на нашиот бренд/фирма поради субјективни приватни причини,
должни сме да ја разјасниме ситуацијата со цел да се дознае вистината и исчисти дамката од нашиот образ.
Клеветата за "Злоупотреба на нашиот бренд" од следниот телефонски број ХХХ-ХХХ-901 алудирајќи на нас "Новоотворен сервис за перење теписи" и на нашиот официјален број (077-511-901).
- Првото недоразбирање е во тоа што целата екипа на нашиот Бомар Тепих Сервис има работено во сервисот (кој што не обвинува) од 2021 се до Јануари 2026-та година, поради што не е чудно муштериите да помислат дека сеуште работиме таму (недоразбирање кое ние веднаш им го разјаснуваме).
Исто така да нагласиме дека кога ги вршиме услугите "земање и доставање на теписите" стриктно се појавуваме со маици со наше име и амблем и возило обележано со истите ознаки, така што не остава простор за шпекулации муштериите кај кој сервис ги даваат своите теписи.
- Второто недоразбирање е во тоа што нашиот официјален телефонски број на Тепих Сервис Бомар "077-511-901" е личен односно приватен телефонски број на еден од нас и никогаш не бил во “нивна” сопственост како што наведуваат во објавата. Овој број во период 2025-та година додека работевме во предходниот сервис заради потребите на сопственикот на сервисот беше користен во одредени ситуации, иако му беше дадено до знаење дека несакаме нашите приватни броеви да се користат за таква цел заради Х причини, побаравме стриктно да се користат официјалните броеви,
како одговор добивавме дека "ке чинело многу пари да се земат неколку телефонски броеви..."
Поради тоа до ден денеска на нашиот официјален телефонски број понекогаш ке ни се јави некој кој што го бара предходниот сервис и ние без двоумење им даваме до знаење кои сме и дека немаме повеќе ништо со предходниот сервис за да се избегнат вакви или слични ситуации.
Мотивацијата за оваа лажна клевета е нашата непокорлива и макотрпна работа зачинета со знаење на пропустите од предходниот сервис
која што резултира со неколкукратно подобар квалитет на нашите услуги и заминување на старите муштерии кај нас.
Бараме бришење на постот со лажна содржина од сите профили во ваша сопственост, во спротивно ке бидеме приморани да си го браниме нашиот чест и углед на правен начин.
Секое добро!
Bomar Tepih Servis