АД Водостопанство на РСМ - подружница Битолско Поле Битола

  • Home
  • Macedonia
  • Bitola
  • АД Водостопанство на РСМ - подружница Битолско Поле Битола
Website

АД Водостопанство на РСМ - подружница Битолско Поле Битола Стопанисување, користење и одржување на системот за одводнување на Пелагонискиот и Битолскиот регион

По синоќешните обилни врнжи на дожд каде што во многу краток временски период наврнаа околу 50 литри дожд на м², при што...
24/06/2026

По синоќешните обилни врнжи на дожд каде што во многу краток временски период наврнаа околу 50 литри дожд на м², при што беа зафатени атарите на селата Кравари, Жабени, Егри и Бистрица, денес од рано изутрина екипите на АД Водостопанство – Битолско Поле излегоа на терен со механизација и активно интервенираат на критичните точки.
Благодарение на претходно исчистениот V одводен канал, како најголем реципиент кој во најголем дел ги прифати водите од Велушка река и останатите секундарни канали, а со тоа се избегнати поголеми последици. Екипите на АД Водостопанство – Битолско Поле остануваат на терен до целосно санирање на состојбата.
Повторно испраќаме апел до граѓаните,земјоделците и мештаните да не се фрла отпад во каналите, да не се прават диви премини и да не поставуваат несоодветни препреки, со ваквите постапки се нарушува проточноста на каналската мрежа и директно се зголемува ризикот од поплави.

22/06/2026

Водата е потреба , водата е живот, а Водостопанство е секогаш тука за поттик и развој на земјоделството 💧🌻🍅🥔 Белица - Кичево

АД Водостопанство на РМ подружница Битолско Поле - Битола ,   втора година со ред  учествуваше активно во акцијата " Ген...
09/05/2026

АД Водостопанство на РМ подружница Битолско Поле - Битола , втора година со ред учествуваше активно во акцијата " Генералка викенд" на повеќе локации во општина Битола ,со цел да допринеси на подигање на свеста на сите НАС дека отпадот и шутот треба да се депонира онаму каде му е местото на депониите, не на зелените површини, покрај каналите и речните корита 🍀 Сите заедно за почиста Битола 🍀

АД Водостопанство на РМ подружница Битолско Поле Битола продолжува со  ИНТЕНЗИВНИ  АКТИВНОСТИ ЗА ЦЕЛОСНО ЧИСТЕЊЕ НА ПЕТТ...
23/04/2026

АД Водостопанство на РМ подружница Битолско Поле Битола продолжува со ИНТЕНЗИВНИ АКТИВНОСТИ ЗА ЦЕЛОСНО ЧИСТЕЊЕ НА ПЕТТИ ОДВОДЕН КАНАЛ

Петиот одводен канал, кој се протега од вливот на реката Црна кај с. Долно Егри до атарот на Буковска Река, во должина од 14,7 км, има клучна улога во одведувањето на површинските води од Егри, Жабени, Породин, Бистрица, Оптичари, Кравари и Буково.
Со Програмата за работа на АД Водостопанство на РМ подружница Битолско Поле Битола за 2026 година, предвидено е чистење на останатите 4.800 метри, со што каналот ќе биде целосно исчистен.
Продолжуваме со активности за подобра заштита од поплави и унапредување на водостопанската инфраструктура.

✝️Христос Воскресе ✝️✝️Навистина Воскресе✝️На сите наши вработени, пријатели и соработници му го честитаме големиот Хрис...
12/04/2026

✝️Христос Воскресе ✝️
✝️Навистина Воскресе✝️
На сите наши вработени, пријатели и соработници му го честитаме големиот Христијански празник Велигден и му посакуваме добро здравје и успех во работата и животот 🍀

30/03/2026

Известување :
Почитувани водокорисници ,
Ве повикуваме во просториите на подружница Битолско Поле Битола на ул.Новачки Пат бб или на маил [email protected] да ги ажурирате податоците за капацитети и лични податоци за сопственост секој кој има промени за сезона 2026 година најдоцна до 20.04.2026 година.
Со почит.

AД Водостопанство на РМ подружница Битолско Поле, континуирано работи на терен на чистење и одржување на одводните канал...
16/03/2026

AД Водостопанство на РМ подружница Битолско Поле, континуирано работи на терен на чистење и одржување на одводните канали се со цел да се обезбеди нивна функционалност, непречен проток на водата и заштита од можни поплави.
За жал, при секоја теренска интервенција нашите екипи се соочуваат со големи количини отпад фрлен во каналите.
Овој отпад не само што ја загадува животната средина, туку создава сериозни пречки во системот за одводнување и го отежнува неговото редовно одржување.
Апелираме до сите граѓани да покажеме повисоко ниво на еколошка свест и одговорност. Одводните канали не се место за отпад.
Заштитата на животната средина е заедничка обврска, само со одговорно однесување и грижа кон просторот во кој живееме можеме да обезбедиме почиста, поздрава и побезбедна околина за сите.
📍Секундарен одводен канал на потегот Бистрица -Жабени кој водите ги носи во 5 ти одводен канал

Address

Улица Новачки Пат бб
Bitola
7000

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when АД Водостопанство на РСМ - подружница Битолско Поле Битола posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Shortcuts

Share